Дали од идната недела горивата драстично ќе поскапат или ќе поевтинат, ќе се знае по 12 мај, недела, кога ќе биде инаугуруран новиот претседател на државата Стево Пендаровски, анализира Вечер прес.

Веднаш по победата на 5 мај Стево Пендаровски, кој ќе биде инаугуриран на 12 мај, најави дека уште првиот работен ден тој ќе ги потпише сите закони кои не ги потпиша Иванов, а меѓу нив е и Законот за енергетика.

На 8 мај завршува дваесетгодишниот договор со скопската рафинерија „Окта“, со кој Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) имаше обврска пресметката на цената на нафтата и нафтените деривати да  ја утврдува секој две недели по утврдена методологија, односно основа на крајната цена на горива беше производната цена на оваа рафинерија. По првомајските празници на 30 април годинава за последен пат беше донесена одлуката за цената на горивата што се точат на бензинските пумпи низ државата, методологија која се применува речиси од формирањето на Регулаторната комисија за енергетика. Досегашната методологијата беше поврзана со Анексот на договорот за продажба на ОКТА, при што дел од формирањето на цената на горивата се земаше предвид цената на Светските берзи на чистата бренд нафта и курсот на доларот во однос на еврото.

Изминативе месеци во Регулаторна комисија за енергетика се изработуваше новата методологија за определување на цената на нафтените деривати, во која што учествуваат претставници од најголемите трговски компании со нафта и нафтени деривати, ресорното министерство, но и од Министерството за финансии и останатите државни институции што се поврзани со овој ресор.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.