Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во Службен весник, Регулаторна комисија за енергетика веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

Во врска со измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ.

РКЕ ќе ја вкалкулира намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.