Христијан Мицкоски на денешната пресконференција кажа дека еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи, целосна гасификација на Македонија.

 

Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме, кажа лидерот на најголемата опозициска партија.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се обрзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас.

Се обрзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: Завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати поранешната влана на ВМРО-ДПМНЕ, а денес од новата Влада несе завршиени: Магистрален гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Се обрзуваме на изградба на Магистрален гасовод Штип- Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на Магистрален гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на Магистрален гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на Магистрален гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној земјоделско енергетски комбинат, кој не е ни земјоделски ни енергетски. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија , како и Индустриската зона Жабени. Се обрзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Ќе го направиме овој енергенс да биде достапен за секого. За таа цел во населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од магистралните гасоводи, ќе се пристапи кон изградба на складни платформи со менливи контејнерски батерии или резервоари за складирање на природниот гас. Ќе создадеме виртуелна мрежа. Системот подразбира компресија, транспорт и декомпресија на природниот гас за да може истиот да стигне до гасните дистрибутивни мрежи низ населените места. Со ваквиот проект се опфаќаат голем број населени места и се овозможува природниот гас да биде подостапен до граѓаните и компаниите. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова значи повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина, објасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.