Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, на својата фејсбук страница го објави известувањето на Фондот за здравствено осигурување за регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од Ковид-19, како и за вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.

Во статусот од СОНК се наведува дека цела плата им следува на вработените лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза бидејќи дошле од ризични земји или биле во контакт со заболено лице, но за истите не е потврдено дека се заболени од Ковид-19, избраниот лекар не издава боледување. Осигуреникот е во изолација во домашни услови (карантин), согласно решението од Државниот санитарен и здравствен каде е наведен периодот на самоизолација.

Од СОНК појаснуваат дека осигурениците коишто се во изолација не треба да отворат боледување кај матичниот лекар, туку отсуството може да го оправдаат со решение за изолација издадено од ДЗСИ или со потпишана лична изјава поткрепена со каков било доказ што докажува, односно посочува дека треба да биде во изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.