Царинската управа упати соопштение со кое ја демантира објавата дека на граничниот премин Богородица имало обид за влез на 14 камиони со РДФ отпад.

Во врска со вест објавена на порталот МКД МК со наслов „Некој пак се обидува да увезе РДФ отпад во Македонија, вчера вратени 14 камиони од Богородица“,

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/nekoj-pak-se-obiduva-da-uveze-rdf-otpad-vo-makedonija-vchera-vrateni-14-kamioni-od

Царинската управа најостро демантира дека вчера на граничниот премин Богородица имало обид за влез на 14 камиони со РДФ отпад.

Во насока на транспарентно и објективно информирање на јавноста, информираме дека станува збор за камиони кои на граничниот премин Богордица беа запрени со цел да се направат испитувања на стоката со која се натоварени, а на 10.02.2020 година кога стапи во сила забраната за увоз на РДФ отпад, на истите забранет им беше влез на територија на Република Северна Македонија.  Односно, на камионите согласно важечките закони и прописи не им беше дозволен ниту влез ниту транзит низ државата, истите беа задржани на граничниот терминал Богородица се до добивање на соодветни дозволи за нивно враќање на територија на Република Грција. Со добивањето на соодветните дозволи, камионите се вратени на грчка страна и тоа на 15.04.2020 година вратени се 5 камиони, на 22.04.2020 година вратени се 4 камиони и на 23.04.2020 година вратени се останатите 5 камиони. Исто така, информираме дека од воведувањето за забрана на увоз на отпад, не е забележан ниту еден обид за внесување на отпад во државата.

Со оглед на тоа што  сите ние, во овие моменти се соочуваме со исклучително тешка ситуација  на државата, најљубезно замолуваме за воздржување од ширење на дезинформации и непроверени  информации. Во склоп на Царинската управа постои и секотор за истраги, па затоа ги повикуваме сите општествено одговорни лица кои имаат било какви податоци  или сознанија на оваа тема да ги достават до Царинската управа по кои би постапиле нашите соодветни служби, стои во соопштението на царинската управа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.