Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Комората на Северозападна Македонија дека над 4000 компании се згаснати во првите шест месеци од 2020 година, денеска Централниот регистар излезе со соопштение во кое наведува дека податоците со кои располага укажуваат дека 2020 година е во рамки на просекот како во однос на новооснованите компании, така и во однос на згаснатите.

Од податоците за последните три години што Централниот регистар ги објави денеска може да се забележи дека во 2020 година по сите основи биле избришани 6.214 фирми, додека во 2019 година – 7243 фирми, а во 2018 – 6864 фирми.

Во 2020 година основани се 7077 фирми, додека во 2019 година – 7810, а во 2018 – 7378 компании.

Горди сме и импресионирани од храброста и претприемачкиот дух на македонските бизнисмени, дури и во услови на светска пандемија. Од официјалните податоци може да се види дека и бројот на новоосновани субјекти во изминатата 2020 година е во рамки на просекот од изминатите неколку години, велат од Централниот регистар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.