И покрај доцнењето на финансиската помош на Владата за плати кон фирмите, а со тоа и исплатата на платата на работниците, Управата за јавни приходи преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата, најголем број од нив за сообраќајни прекршоци изречени од страна на Министерството за внатрешни работи за сторен сообраќаен прекршок, Министерството за транспорт и врски и други државни органи.

Половина од нив, или приближно 7.000 граѓани добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3.000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по најранливата категорија на луѓе во Македонија.

Останатите, околу 7.000 граѓани, добија решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи за казни од МВР, судовите, МТВ и други, во висина од 100 до 500 евра.

Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слејат повеќе од 2 милјони евра, пари од џебот на граѓаните.

По основ на глоби изречени од МВР, МТВ и други државни органи се блокират неосновано голем број на граѓани – спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.