Со двата пакети мерки за помош во економијата што ги обезбеди Владата, опфатени се сите стопански субјекти кои претрпеа одредени загуби и во март, објасни Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, во денешното гостување на емисијата „Детектор“, на телевизијата Сител.

За месец март не се изоставени компаниите коишо беа директно погодени и со Уредба на Владата мораа да престанат да работат. Со првиот сет на мерки беа директно таргетирани тие што беа на удар на кризата. Обезбеди се кредити, обезбедено е субвенционирање на приходи, ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка и други даноци“, објасни Битиќи.

Тој нагласи дека сите други компании, надвор од четирите најпогодени сектори во март, може имале одредени импликации во март, но тие се незначително и тоа се гледа и од приходната страна во Буџетот.

Во јавноста зборуваме само за директно вбризгување на пари, 200 милиони директни пари што ќе се вбризгаат во реалниот сектор. Но, мора да ги земеме предвид и сите даночни олеснувања, како и субвенционирањето на придонеси, по што ќе дојдеме до многу поголема сума на средства како помош за стопанството“, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека ги слушаат барањата на стопанството, по што не се исклучува можноста одредени мерки да се дополнат, но и да има нови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.