Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција рече дека следната недела ќе биде одлучено дали на угостителите ќе им се дозволи да работат до 23.00 часот. Од утре, според одлуката на Комисијата за заразни болести, нивното работно време ќе биде до 21.00 наместо до 17.00 часот.

Битиќи додаде дека ќе се разговара со угостителите за нивните нови барања за помош, откако тие се пожалија дека не добиле онолку колку што добиле некои сектори од државата иако нивната дејност била повеќе погодена од ковид-кризата. Вицепремиерот сепак не смета дека тие биле запоставени.

Прво сметам дека недоволно меѓусебно сме искрени. Тој сектор и тоа како е помогнат. Имаше посебни мерки за нив уште во првиот и вториот пакет, бескаматни кредитни линии и исплата на плати како што добиваат сите. Посебен сегмент е ваучер-системот, а имаше и грантова шема. Како што зборуваме со сите чинители, така ќе зборуваме и со нив. Не знам зошто таков начин на комуникација би бил потребен – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.