Лична одговорност за енергетската криза наскоро ќе има, но тоа не е клучно. Оваа состојба е последица на нешто што триесет години не сме сакале да го решаваме и овие четири години почнавме да работиме на нивно решавање, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на ТВ24.

Тој кажа дека власта изминатиов период инвестирала во обновливи избори на енергија, целосна либерализација на пазарот и реструктуирање на производството.

-Енергетската криза е глобален феномен и цела Европа се справува со ваков предизвик. Секогаш се земала струја од Европа и тоа е редовна појава, што ја потврди и претседателот на Европската енергетска заедница. Сепак, во одреден момент ние имавме помало производство од она што сме можеле да го имаме, односно опортунитетен трошок. Требало поголемо производство на енергија ако имало количини на јаглен и за тоа ќе има лична одговорност, кажа Битиќи.

Тој додаде дека граѓаните на Република Македонија во моментов ја плаќаат наејвтината електрична енергија, за 36 евра по мегават, иако берзанската цена е 250 евра.

-Тоа е благодарение на одлуката на Владата дека таа е цената што треба да се плати споредбено со животниот стандард. Ние исто така го намаливме од 18% ДДВ-то на 5%, а од први јануари ќе имаме и пакети за ранливите категории во форма на енергетски додаток, кажа Битиќи.

Прашан за поскапувањето на производите, вицепремиерот Битиќи порача дека било кој обид за картелско здружување и обид за фиксирање на цените, Владата нема да го дозволи, иако постојат такви гласини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.