Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, изјави дека доколку биде потребно ќе донеселе нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните поради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри.

Како секогаш, ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени – изјави Битиќи.

Тој посочи дека воведените рестриктивни мерки се привремени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.