По изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој му порача на владиниот партнер, Билал Касами, да ја прочита владината програма страна 39 параграф 3, во интервју за „ТВ 24“, заменикот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа што го сочинува параграфот 3 и рече дека клучот по етничка основа не одговара на модерна развојна и конкурентна економија.

Во владината програма стои дека „Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории на граѓани со различности во нашата економија“ – истакна Битиќи.

Притоа Битиќи истакна дека клучот по етничка основа не може да биде клуч кој одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста е клучот за сето тоа, а афирмативни мерки треба да има за сите граѓани.

Треба да се фокусираме на економија,економија и економија затоа што само тоа ќе донесе подобар живот – истакна Битиќи говорејќи за тоа како треба да биде насочена владината стратегија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.