Економска мерка е доделувањето бесплатни ПЦР-тестови на странци вели вицепоремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој објасни дека доделувањето на бесплатни ПЦР-тестови за странци кои ќе дојдат како турустички посетители на Македонија ќе го напорави конкурентен македонскиот туризам, а тоа што домашните граѓани по своја иницијатива мора да ги платат е дел од здравствената криза со пандемијата.

Економските мерки треба да ве направат конкурентни во целиот Западен Балкан, но и на светско ниво. Размислуваме на воведување на меѓународно признатиот safety travel, што ќе значи дека кај нас е безбедно да се патува, дека има протоколи. Тоа го правиме со стопанските комори. ПЦР-тестовите за странците нема да се прават во приватните лаборатории, туку во оние во јавното здравство, што значи дека јас нема да дозволам на некому да креирам пазар со пари од граѓаните, рече Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“

Владата на последната седница одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата и со тоа да се поттикне туризмот во претстојната летна сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.