Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата, напиша Битиќи во објава на Фејсбук.

Во моментот во Владата се одржува Економско-социјалниот совет на чиј дневен ред е висината на минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.