Поскапување на струјата на регулираниот пазар нема да има, вели првиот човек на Регулаторната комисијата за енергетика Марко Бислимовски во интервју за МИА.

Бислимовски, посочува дека покрај тоа што ќе се преземат сите законски механизми, регулаторите може да излезат и од своите законски надлжености, за да не се дозволи зголемување на цената на струјата, но не прецизира што тоачно тоа значи.

Од пред две години, Регулаторната комисија за енергетика со одлуките што ги носи, може да влијае само на 38 отсто од крајната цена на струјата, а не и на цената по која ЕСМ ја продава струјата на ЕВН, ниту има влијание на трошкот за обновливи извори на енергија, кои учествуваат во крјната цена што ја плаќаат граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.