ЕСМ има законска обврска да потпише договори со своите потрошувачи бидејќи повеќе не е БЕГ снабдување туку е ЕСМ снабдување, и овој проблем е веќе надминат, посочи вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Договорите потрошувачите во наредниот период ќе ги добијат и во сметките кои ќе им бидат испратени на почетокот на ноември за октомври. Таму каде што постои можност ќе се испратат тие договори и по и-меил, така да тој проблем е сега целосно надминат. Да не се прави дополнително гужва на пунктовите. И претходно кога БЕГ снабдување ја превземал дејноста потпишал договори со граѓаните и нема никаква опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен, посочи Бислимоски во гостувањето на ТВ Сител.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.