Првата антикорупционерка Билјана Ивановска ја повика Владата да се откаже од ангажирање на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите на Коридорот 8 и оној за поврзување на Прилеп и Битола преку „специјален закон“.

Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, станува збор за директна спогодба на тој начин што ќе се прогласат за стратешки инвеститор, а за изградбата на автопатите за национален интерес. Тоа ја отвора вратата за евентуално коруптивен договор, а ДКСК ваквиот закон, доколку се изгласа, ќе го оспори пред Уставен суд.

Станува збор за закон од висок ризик за корупција и ќе го дадеме на Уставен суд. Како е можно тој закон да биде согласност со Уставот а при тоа да се фаворизира еден оператор?“, прашува реторички Ивановска во изјава за „Телма“.

Според „Антикорупциска“, не може проектантот воедно да биде и изведувач, а Ивановска дополнително прашува зошто овој предлог-закон не го поднесува Владата, туку пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ како опозиција најавуваат дека викендов ќе изградат став.

Инаку во 2013 со посебен закон му се овозможи на кинески „Синохидро“ да го гради автопатот Кичево – Охрид, кој се уште не е завршен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.