На денешната владина седница беше прифатена предлог-програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош во Република Македонија за 2019 година, соопшти Владата.

Според програмата, пензионерите што имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при лекување во болнички здравствени установи. А корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.