Покрај здравствените  ризици корона вирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија. Таа трпи засега се уште несогледливи последици кои што се негативни. Македонската економија нема да остане имуна на последиците од корона вирусот и наша должност како Влада е час поскоро да започнеме со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните. Во изминатите неколку дена економскиот тим на владата заедно со стопанските комори, експертите од различни области правевме темелни анализи на можните последици и мерките кои треба да ги превземеме со цел да се ублажи кризата. На крајот заеднички дојдовме до првиот сет на мерки, со кои заедно ќе се справуваме со економските последици од коронавирусот – објави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Првата мерка се однесува на директна финаниска поддршка за ликвидност на микро, мали и средни претпријатија од страна на Развојната банка на Република Македонија.

Обезбедни се вкупно 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, односно компании чијашто економска активност е погодена од коронавирусот. Кредитите се дизајнирани со големо внимание водејќи се од тоа да можат да се подржат во што поголем број на компании. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра кредит и тоа микрокомпаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании до 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра, средните компании од 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат од 15 до 30 илјади евра. Овие кредити се бескаматни, грејс период на отплата 6 месеци и период на отплата 24 месеци. Целосното администрирање на кредитите ќе биде бесплатно – нагласи Царовска.

Втората мерка се однесува на подршка на компаниите во делот на исплата на плати.

Мора да се нагласи дека сакаме да го задржиме секое рабтоно место. Затоа правиме напори да ја олесниме исплатата на плати во овој период на неизвесност и затоа обезбедуваме субвенционирање на придонесиете  за вработените во компаниите од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании за месец, април, мај и јуни 2020 година со цел да се субвенционираат придонесите по вработен во висина од 50 проценти од придонесите за исплатена просечна плата во 2019 година, со тоа што компанијата да не го намали бројот на вработени под бројот на вработени во месец февруари 2020 година, компанијата да не исплатила дивиденда во 2020 година, и компанијата да нема исплатено награди и бонуси по влегување на сила на мерката. Само компанитие кои имаат остварено добивка во 2020 година ќе вратат субвецции за придонеси во износ од 50 проценти од добивката пред оданочување, што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите кои што оставриле послаб финански резултат во 2020 година како резултат на корна вирусот – истакна Царовска.

Владата препорачува на компаниите да ја реоранизираат својата работа во смени, по потреба и 4 смени, со цел да има помал број на вработени во дадена смена и препорачуваме дезинфекција на фабриката по завршување на смените.

Заради овозможување на непречен влез и транзит на возила, Санитарниот инспекторат преку Макам транс ќе дава дозволи за влез со цел да не престане трговската размена. Овие товарни возила и лица ќе влезат во државава под посебни услови на заштита – рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.