Одлуката за зголемувањена еколошката такса на сите горива на 3,5 денари по литар и за намалување на ДДВ за струјата Владата ќе ја носи на седницата што ќе ја одржи утре.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека Влада ќе оди со предлог овие новини да важат од 1 јули со намера во Собрание измените на законите да може да се изгласаат во тој период.

Владата утре ќе донесе одлука, а домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електррична енергија. Еколошката такса е во доменот на Министерството за животна средина и просторно планирање, односно е предвидена со Законот за животна стредина, рече Бесими.

Тој појасни дека еколошката такса е нешто различно од акцизата на нафтените деривати која е регулирана со друг закон и зависи од движењата на цените на светските берзи.

Како што е веќе објавено, со интервенција во ДДВ за струјата  од 1 наредниот месец во тек на една година данокот треба да се намали од 18 на пет проценти, во втората година дасе зголеми на 10, а во третата да се врати на 18 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.