Продлабочување на економската соработка помеѓу РС Македонија и Швајцарија како и имплементацијата на тековни проекти имплементирани од Министерството за финансии со финансиска поддршка на швајцарската влада преку Државниот секретаријат за економски прашања SECO, беа теми на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. Воедно на средбата се разговараше и за тековната макроекономска состојба и енергетската криза во државата.

Притоа на средбата се дискутираше за Проектот за макроекономско планирање и  управување кој почнува да се имплентира во Министерството за финансии со поддршка на SECO  Програмата за балансиран регионален развој која се имплементира преку УНДП а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија како и Програмата за државен долг и менаџирање со ризици, којашто е во насока на подобрување на активностите кои се однесуваат на процесот на управување со јавниот долг. Во таа насока, како што беше потенцирано на средбата, швајцарската влада дава целосна поддршка на активностите на Министерство за финансии во подобрување на процесот на управување со јавните финансии и даночната администрација преку финансирање на проектни активности, а коишто ќе бидат технички имплементирани од ММФ и СБ.

 Амбасадорката истакна дека во иднина ќе продолжи соработката помеѓу двете држави и оти Швајцарија е еден од најголемите донатори во нашата држава.

Инаку минатата година беше потпишан Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите. Со Протоколот се зајакнуваат постојните одредби за одбегнување на двојното оданочување за данокот на доход и данокот на капитал помеѓу двете земји, а истиот овозможува  поголема даночна транспарентност и фер даночен третман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.