Фатмир Бесими, министерот за финансии, на првиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2021 пред комисијата одговарајќи на реплика рече дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи повеќе нема простор за големи задолжувања.

Оние претпријатија кои ќе се понудат на продажба или како јавно-приватно партнерство сега претставуваат дополнителен товар за буџетот, а тоа значи помалку пари за развој. Формите како јавно-приватно партнерство и инвестициски фондови се нови начини на финансирање. Таков е и планот на Вархеи од 9 милијарди евра за Западен Балкан и привлекување на дополнителен финансиски капитал, рече Бесими од собраниската говорница, бранејќи го Предлог-буџетот за 2021.

Министерот тврди следната година растот и развојот нема да може да се финансира само преку задолжување.

На среден рок треба да имаме добра стратегија за фискална консолидација. Одредени јавни претпријатија се само дополнителен товар за буџетот, а од друга страна имаме  јавниот долг кој не треба да се зголеми, смета Бесими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.