Министерот за економија, Крешник Бектеши гостуваше во „360 степени“ на „ТВ Алсат“ при што кажа дека ако се реализира планот на ЕСМ во последната четвртина од годината, тогаш најверојатно нема да поскапи цената на електричната енергија.

Бектеши вели дека постои можност да се избегне поскапување на струјата од Нова година.

„Граѓаните треба да се трудат да заштедат струја бидејќи така ќе се намали притисокот врз ЕСМ во производството на електрична енергија. Ако се реализира планот за производство на ЕСМ, тогаш можеби нема да се поскапи цената на струјата“, вели Бектеши за „360 степени“ на „ТВ Алсат“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.