Министерот за економија, Крешник Бектеши, очекува до викендов кога ќе се спроведе акцијата „Викенд без ДДВ“, да има околу 70 илјади нови граѓани коишто ќе се регистрираат на платформата МојДДВ.

Мерката МојДДВ не е селективна, таа важи за сите граѓани бидејќи сите имаат можност да отворат лозинка и слободно да се регистрираат на апликацијата. Во моментов оваа апликација ја користат 330 илјади граѓани, а очекуваме до 10 октомври да се зголеми на 400 илјади – посочи Бектеши.

Министерот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот во деновите кога треба да се користи оваа мерка и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе ги има дефинирано протоколите како треба да работат сите бизниси во државата.

Бектеши истакна дека секој граѓанин согласно условите кои веќе се презентирани ќе има можност да купува до 30 илјади денари, а Владата ќе им врати ДДВ во зависност од тоа колку ќе биде висината на сметката, односно во зависност од продуктите што граѓаните ќе ги купуваат во тие три дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.