Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена, напиша министерто за економија Крешик Бектеши на својот Фејсбук објавувјаќи фотографија од маркет на која се гледа како еден од купувачите има наполнет корпа со зејтин.

Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени. Наша главна цел е граѓаните непречено и редовно да можат да ги задоволат своите потреби и да купат основни прехранбени производи во време на криза, напиша Бектеши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.