Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи – најавува министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека е подготвен предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото – најави Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Бектеши претходно најави дека ако има предвидувања дека ќе има ценовни шокови ќе интервенираат во рамки на надлежностите и согласно со Законот за трговија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.