Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи, а тоа би биле ориз и јајца, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференција во Битола, министерот Бектеши посочи дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените на производите кои биле формирани од трговците од 1 декември.

-Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали нагласи Бектеши за време на посетата на РЕК Битола и додаде дека со владините одлуки се штити стандардот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.