Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека исплатата на субвенциите за октомвриските плати предвидени со четвртиот пакет економски мерки. Тој вели дека Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите и има доволно време да биде донесен навреме.

Бектеши ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во Собранието измените да поминуваат брзо.

Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври – рече Бектеши.

За четвртиот пакет економски мерки, тој рече дека зависи од ребалансот на буџетот и од законските решенија кои треба да се донесат во Собранието и ги повика пратениците да ги изгласаат.

Јас сум убеден дека навреме ќе почне примената. Бескаматните кредити веќе почнаа, за субвенционирањето на платите овие денови, можеби денеска или утре, ќе го пратиме законското решение во собрание и очекуваме на почетокот на ноември да биде усвоено. За дел од мерките треба да се усвои и ребалансот кој моментно е во собраниска процедура, па да излезе во Службен весник. Ние како Министерство сме ги подготвиле сите јавни повици и имаме можност веднаш да ги објавиме. Затоа ги повикувам сите партии и да ги донесеме решенијата – рече Бектеши.

Бектеши рече дека аплицирањето ќе биде онлајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.