Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека не може да и сугерира или да бара од сестра си да даде отказ бидејќи немал никакво влијание при вработувањето.

Јас и претходно сум кажал што се однесува за оваа тема. Имајќи предвид дека јас јавно сум признал дека мојата сестра е вработена во МЕПСО мора да се каже, и ова е мојот став, како што не сум имал влијание при нејзиното вработување, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече или да не се повлече – изјави Бектеши.

Влорa Бектеши, сестрата на министерот Бектеши е вработена во МЕПСО како референт во Секторот за правни и општи работи.

На новинарско прашање како сестрата се вработила токму кога тој стана министер, Бектеши одговори со прашање: зошто новинарите работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други?

Но, уште еден роднина на министерот Бектеши бил вработен во ЕЛЕМ, а тоа е сопругата на братот на сопругата на министерот, Нертила Усеини Каба.

Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски а ЕЛЕМ во надлежност на Владата – вели Бектеши.

Тој дополни дека ако носителите на јавни функции треба да сносат одговорност или да објаснуваат за секое вработување на четврто, петто или шесто колено тогаш би требале секој ден да се објаснуваат.

Не чуствувам морална одговорност бидејќуи во Министерството за економија не е вработен ниту еден од моите роднини. Ако утврдите дека јас сум влијаел за некое вработување, тогаш би чуствувал морална одговорност – заврши министерот Бектеши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.