Како Влада, но и како Министерство за економија, секојдневно сме во комуникација со сите претставници на енергетскиот сектор во нашата земја, се со цел да се креираат мерки кои ќе ја ублажат енергетската криза, не само во секторот домаќинства, туку и во дел од индустријата. Индустријата е многу важен дел во економијата имајќи ги во предвид бројот на вработени, буџетот и растот на економската активност. Наша цел е нашите компании да бидат уште поконкурентни на европскиот и на светските пазари со мерките”, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, по средбата со претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев, на која присуствуваа о претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, директорот на НЕР. АД Скопје, Бајрам Реџепи, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и други претставници.

На состанокот се дискутираше за можните мерки и чекори кои ќе ги превземе Владата за излез од енергетската криза.

Министерот Бектеши најави дека минатата недела Владата ги прифатила предлозите на Стопанската комора и тие биле разгледани од претставници на Владата и од сите институции вклучително и енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика.
Бектеши нагласи дека најголем дел од мерките се прифатени и веднаш ќе се спроведат.

Исто така, министерот повтори дека ЕСМ преку Министерството за финансии и Економија од ЕБРД обезбедила 100 милиони евра за зголемување на капацитетот на ЕСМ за јаглен, мазут и електрична енергија.

На крајот, министерот Бектеши ја повика опозицијата да помогне да се надмине кризата и постојано да не кочи, бидејќи тоа не им служи на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.