Во врска со одложувањето на либерализацијата на поштенскиот пазар, министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција рече дека почнува процедура за подготвување физибилити студија за Пошта и откако ќе биде готова ќе се разгледаат наодите и ќе се донесе соодветна одлука.

Почната е подготовка на физибилити студија. Потоа од наодите ќе зависи каква одлука ќе донесеме за „Пошта“. За сите претпријатија кои работат со загуба ние треба да најдеме соодвтетни модели како да ги стабилизираме со цел да ги подобрат услугите, но притоа да немаме негативен инпакт по буџетот како досега, рече Бектеши.

Тој додаде дека едно од можните решенија стабилизирање на состојбата во „Пошта“ или кај другите загубари е и моделот на јавно-приватно партнерство.

Тој додаде дека за сите акционерски друштва, јавни претпријатија кои работат со загуба треба да се најдат модели кои се современи со цел да се подобрат услугите и истовремено да немаат негативен импакт врз буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.