Тутунопроизводителите од селата во околината на Карбинци утринава три часа протестираа пред откупниот пункт во село Карбинци. Бараат повисоки цени за собраниот тутун, но и да се откупи вишокот на произвидените килограми.

Најголемиот производител во Општина Карбинци вели дека заедно со неговото шест члено семејство егзистира само од производство на тутун.

Ние сите работиме тутун, ниту еден член од семејството не е вработен, ниту во фабрика, ниту во државно. Откупот го чекавме за да можеме да го предадеме производеното – вели производителот.

Тутунарите забележуваат дека со воведување на четвртата класа не им е исплатливо да го предадат тутунот. Бараат да се најде решение за нивниот проблем.

како што најавија, протестите на тутунарите во општина Карбинци ќе продолжат и наредните денови, се до изнаоѓање на решение за нивниот проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.