Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен во сообраќај во текот на неделава, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен, рече Сугарески одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата „Квалитента арматура-безбедни градби“ што се одржува во хотелот „Хилтон“ во организација на компанијата „Дојран стил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.