Државниот инспекторат за транспорт последна контрола на автобус на компанијата „Дурмо турс“ направил лани во ноември. Инспекторите утврдиле дека има уредна документација, но возачот добил казна поради непотичување на возниот ред.

Инспекторите констатирале дека автобусот е сосема исправен во однос на она што ние го контролираме. „Дурмо турс“ има лиценца со важност од пет години за меѓународен и меѓуопштински сообраќај, има дозвола, а имале и дозвола за техничко-експлоатациони основи, документ што го издаваат станиците за технички преглед. Контролата е направена на 16.11.2018 година на автобуската станица во Кичево. Возачот добил казна за непочитување на возниот ред, односно застанал да прими патници, на место што не е предвидено за застанување, изјави за А1.он, директорот на Инспекторатот, Руфат Хусеини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.