Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ѝ ја одзеде дозволата за работа на 1ТВ.

Советот на АВМУ на седница одржана доцна попладнево ја затвори постапката против оваа телевизија, откако претходно не се појави нејзин претставник.

Основ за одземање на дозволата е неисполнувањето на минималните кадровски услови што се пропишани, објави „Фактор“. Според дозволата што ја поседуваше телевизијата, имаше обврска постојано да има 30 вработени, од кои 10 новинари.

По апсењето на Бојан Јовановски, Боки 13, кој се претставуваше како сопственик на телевизијата, најголемиот дел од новинарските имиња си заминаа од 1ТВ.

Во последните два месеци, со мали прекини, телевизијата воопшто не емитуваше програма.

Боки 13 е првоосомничен за случајот Рекет, и е во притвор во истражниот затвор Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.