Согласно последната одлука на Регулаторната комисија, акцизата за литар дизел е покачена од 15,50 денари по литар, на 17,50 денари по литар. Тоа значи дека дизелот поскапува два денари само по основ на покачената акциза од страна на Владата, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Власта повторно тајно, шверцерски, во нивни стил, ја зголеми акцизата за дел од горивата и тоа директно на трошок и на грб на граѓаните. Имено согласно последната одлука на Регулаторната комисија, акцизата за литар дизел е покачена од 15,50 денари по литар, на 17,50 денари по литар. Ова значи дека дизелот поскапува два денари само по основ на покачената акциза од страна на Владата.

 

Од ова произлегува дека последното покачување на цената на дизел горивото во најголем дел се должи на оваа разлика, која треба да завршува директно во буџетот на државата и внимавајте да ги полни дупките на Владата која што ги направи во буџетот единствено со крадење на парите на граѓаните. Со последната одлука на Регулаторната цената на дизелот стаса до 63,5 денари по литар што е покачување од 13 денари споредено со цената внимавајте пред четири години кога СДСМ доаѓаше на власт.

 

Мораме да напоменеме, ваквото поскапување на дизел горивата заради покачената акциза, не е поврзано со најавената зелена такса, која што Владата ја најави, која кога ќе се донесе дополнително ќе ги поскапи горивата од 4,13 денари по литар – реагира Арсовски.

Тој посочува дека цената на дизел горивото, како и останатите горива влијае врз цените на многу производи, многу услуги, вклучително и патниот транспорт и ваквите покачувања кои што се случуваат и ќе се случуваат ќе имаат импликации на потрошувачката кошничка за граѓаните, односно, ќе се зголеми цената на животниот стандард.

Како што истакнува Арсовски, тоа се случува само затоа што Владата на СДСМ и нивната коалиција краде од граѓаните и сега дупките во Буџетот ќе ги полни со парите на граѓаните.

Ние еднаш јавно напоменавме, сега напоменуваме повторно, пари кои одат директно во буџетот на име на ново воведени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување кое не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е единствено последица на алчноста на Зоран Заев, на власта и на нивното крадење како влада и коалиција. Најпрвин го испразнија буџетот, потрошија скоро 15 милијарди евра за четири години и направија нов долг од 2,4 милијарди евра. Луксузот на власта и Заев се покрива директно од давачките на граѓаните кои што се наметнуваат.

 

Македонија е позадолжена од било кога, и сега кога буџетот е празен се удира по џебот на народот, за тој да ги покрие дупките во приходите, кои настанаа заради тендерите кои си ги даваа власта на нивни блиски луѓе и поткупот кој што го правеа пред избори.

 

Едно е јасно, а тоа е дека оваа криминална багра на власт мора да се смени уште веднаш, односно да им се даде црвен картон на локалните избори, а веднаш потоа да се вратат работите во нормала – вели Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.