Една од приоритетните цели на АППТ, врз која се заснова и стратегијата на оваа институција е промоцијата на туристичката понуда, и целокупната туристичка индустрија во што поголем број земји. Во линија со ова, АППТ константно се обидува да го одржи и зајакне медиумското присуството и да ја одржи свесноста за дестинацијата на високо ниво, што долгорочно се одразува позитивно на бројни сегменти во домашната економија. Како на пример, девизниот прилив во првите два квартала на 2021 година, со истиот период во 2020 година порасна за 43,26 %.
Ултимативната цел на АППТ при креирање на програмата и буџетот за  2022 година е да оствари промотивни активности со кои ќе ја поддржи туристичката индустрија во борбата за постигнување на резултати блиски до оние во 2019 година. Тогашниот буџет за промотивни активности на АППТ изнесуваше 35.200.000 денари, а неговата реализација достигна 90,73%.
Во насока на оваа цел се барањата на туристичкото стопанство, врз основа на кои се структуираше стратегискиот план за 2022 година, а во кој акцентот е ставен на зајакната промотивна активност на странски пазари кои според движењата се определени како приоритетни, или таргет земји. За закрепнување на туристичката индустрија неопходен иницијален чекор е интензивна промоција, за што е неопходно нивото на сретства кое АППТ го имаше на располагање во 2019та година.

За реализација на договорните услуги, во кои спаѓаат договори за саемски манифестации, информативни патувања, медиумска кампања, реализација на проекти за поддршка на туизмот, тендерски постапки и слични круцијални активности од севкупното работење АППТ,  проектирана е сума во буџетот во износ од 10.000.000 денари што e за најмалку 20.000.000 денари пониска од потребната. Согласно ова, АППТ не е во можност да ги реализира основните програмски активности кои попатно се и неопходност за приватниот сектор да пристапи кон закрепнување.
АППТ изготви Стратешкото планирање за 2022 година земајќи ги предвид трендовите и чекори за закрепнување, додека буџетирањето е направено врз основа на компаративна анализа со соседните земји и минатото искуство. Ваков тип на проектирање резултираше со проектирани сретства за подддршка на закрепнувањето на туристичката индустрија од 43.690.000 денари. Пласманот на овие средства е проектирано да се остварува во 2022 година, и менува во зависност од потребата и неопходноста доколку наложи така развојот на пандемијата од Ковид 19. Во овој момент, АППТ има одобрено 22,89% од проектираните, неопходни средства за реализација на основната дејност од програмата на АППТ.

Патните и дневни трошоци на АППТ кои се водат во ставка 420 опфаќаат трошоци за реализација на промоцијата при учество на маѓународни саемски манифестации, организирање на Б2Б состаноци и презентации на македонските туристички потенцијали во странство. За овие потреби, на АППТ се доделени 13,3% од проекираниот износ (2.716.000 денари), со што на овој начин се овозможува учество на само една саемска манифестација.
АППТ го изработи стретешкиот план за закрепнување на туристичката индустрија во 2022 година земајќи ги предвид барањата на приватниот сектор, кои се во насока на зајакната промоција на државава преку директно учество на саемски манифестации, каде приватниот сектор има можност за директно вмрежување. Организацијата за овие саемски манифестации се одвива неколку месеци порано, односно во тековната година, пред официјалното одобрување на буџетот од Владата на РСМ. Согласно ова, АППТ не е во можност да продолжи со организација на овие настани кои имаат за цел поддршка на приватниот сектор при претставуање на нивните производи на странските пазари.
Само за пример, најголемата туристичка саемска манифестација се одржува во Март секоја година, за која неопходно е да се отпочне административна процедура 6 месеци претходно. АППТ следејќи ја оваа пракса цела мината декада, за 2022 година го извести приватниот сектор за учество, со што веќе има потврдено 6 компании кои ќе бидат дел од штандот на РС Македонија на саемот во Берлин 2022 година. Ист е принципот и за Мадрид, Шпанија, каде има доставено пријава за учество од три македонски тур-оператори, како саемот ЕМИТТ 2022, во Истанбул, Турција.

Согласно заклучокот на Владата на РСМ бр.40-6029/1 од 01.06.2021 година, АППТ има обрска во јануари 2022 година, за време на неделата на туризмот, да учествува на меѓународната саемска манифестација во Дубаи – Дубаи Експо 2020 (одложен поради пандемијата со коронавирусот), каде претставници од разлучни индустрии од РСМ се присутни 6 месеци. Покрај неопходноста од учество на АППТ на овој саем, АППТ информира дека присутните претставници континуирано ги обезбедува со промотивни материјали, чија залиха се потроши. Ова резултира од неопходност за подготовка и печатење на нови, кои би одговориле на потребите на овој настан, но и на оние што следат во текот на 2022 година.
Откако АППТ ја образложи потребата и неопходноста од користењето на модерните алатки за промоција (Google и YouTube), потребно е да се пристапи кон реализација на истото во рамките на одобрените буџетски средства. Потребата за ваков тип рекламирање се темели на детално и долгорочно истражување за трендот на рекламирање кој во минатото бил пракса на АППТ но се прекинал.

Овој тренд на рекламирање во 2022 година посебно се однесува на брендирањето на Република Македонија како туристичка дестинација и негово комуницирање со потенцијални туристи и соработници преку користење на овие два канали за промоција.

Ова значи креирање на бренд идентитет на државата, што според бројни истражувања и искуства е значаен елемент при постигнување на одередено ниво на препознатливост, која пак обезбедува додадена вредност и на други полиња. Со доделениот буџет за 2022 година, АППТ не е во можност да пристапи кон реализација на ова задолжение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.