Антикорупциската комисија отвори предмет за Даниел Димевски, еден од надворешни соработници на експремиерот Зоран Заев поради закуп на спортската сала „Кале“, објави „Екипа“..

Тој за неверојатно мала сума од 600 евра+ДДВ како месечна закупнина ја добил на стопанисување во наредните 30 години, заклучно со 2049 година. Во јавноста, владата претстави дека салата СРЦ Кале ја дава на користење на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ). Во моментот на склучување на овој договор, Даниел Димевски се водеше како надворешен соработник на експремиерот Зоран Заев за прашања во областа на спортот и негово унапредување, пишува „Екипа“.

Интересен е и членот 7 од договорот, според кој доколку настанат било какви промени на ДУП договорот претставува согласност на закуподавачот за пренамена на дејноста. Но, евентуално изградените објекти од траен карактер по истек на договорот би биле проценети од овластен проценител и ќе бидат поделени во сооднос 20% на ЈПСОС (Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија) и 80% на ТУРД Олимпик ДОО Скопје.

извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.