Комисијата за хартии од вредност има пет дена да ги достави до Државната комисија за спречување на корупцијата сите информации за вработувањето на Лиле Делиџакова, сестра на Катица Јанева, која е потпретседателка на Комисијата за хартии од вредност.

Од ДКСК за МКД.мк велат дека испратиле барање до Комисијата за хартии од вредност и дека од таму чекаат документација за вработувањето на Делиџакова. Ова барање е испратено на почетокот на декември, а од таму имаат 15 дена рок за да ја достават целата документација.

ДКСК ќе треба да ја разгледа документација и ако не е потребно ништо дополнително, ќе биде донесена одлука во врска со оваа претставка.

Во Гевгелија Делиџакова беше позната како сопственичка на фризерски салон, а потоа неколку години и како службеник во царината и фармацевтската компанија „Реплек”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.