Владините мерки за помош на економијата и граѓаните под лупа на антикорупциска. Оттаму за Сител посочуваат дека интензивно се следат сите најави за делење на државни пари, но со официјален став дали оваа помош се злоупотребува за поткуп на граѓани особено по најавите за одржување избори, антикорупционерите ќе излезат откако одговори ќе побараат директно од економските соработници на Владата. Потенцираат дека нивната цел не е да се наштети онаму каде потребата за државна помош е огрома, но не смее да се дозволи економската криза да се користи за други цели.

Во меѓувреме владејачката партија и денеска се пофали дека со третиот пакет мерки директно се помага на над 730 000 граѓани. Според опозицијата, се работи за чист поткуп на граѓаните во пресрет на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.