Под ризик се 40.000 работни места, невработеноста може да се зголеми за пет процентни поени. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Организацијата на работодавачи. Според нив, дури 82% од компаниите чувствуваат влијание од кризата. Тие се од 9 сектори и во нив се ангажирани две третини од вкупниот број работници во стопанството. Анкетата покажува дека ако кризата продолжи, најголем дел од фирмите нема да го преживеат третиот квартал.

Владата итно да продолжи дел од мерките за компаниите кои се најпогодени од продолжената здравствена криза. Организацијата на работодавачи бара нов пакет даночни оленувања, поголем обем на бескаматни кредит, а пред се помош во испшлата на платите, oбјави Сител.

За да се избегне ситуација во која глем дел од компаниите ќе заминат во стечај или ликвидација, а работниците ќе останат на улица, продолжување и зголемување на државната помош побара и Сојузот на стопански комори. Владата пак проценува дека со последниот, трет сет мерки, државната помош за стопанството и граѓаните ќе надмине половина милијарда евра односно 5,5 % од БДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.