Државната комисија за спречување на корупција погреши во одлучувањето за случајот со царините на увоз на литиумски батерии, смета вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој дебатната емисија „Тренд анализа“ на ТВ24

Оваа препорака е донесена за да се задоволи јавноста дека се води борба со функционери, но во случајов јас сум функционер кој транспарентно работи, а дилетанти кои го втурнаа правосудниот систем останаа неказнети, вели Анѓушев.

Анѓушев соопшти дека тајмингот за негово заминување од Владата е 3 јануари, кога треба да се формира техничка Влада на чело со технички премиер, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.