Економските политика на оваа влада се темелат на два столба. Првиот столб е голема надеж и вториот столб е користење на искуствата од минатото, односно на претходната влада. Прво се обидуваат да креираат големи очекувања и голема надеж кај граѓаните така што премиерот на почетокот на годината пред да оди на скијање во тоа монденско место кажа дека голема светска компанија од еден навистина голем стратешки партнер на Република Македонија ќе инвестира во Македонија, па дури и се повика на еден приватен разговор што го имал со советникот во кабинетот на премиерот на таа држава и дека тие малтене му ветиле, за да денеска видиме дека заменик претседателот на владата онака помалку иронично во свој стил да каже дека не треба да се користи и злоупотребува името на Фолсфаген во дневно политички цели, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Тој додаде дека Заев го искористил и злоупотребил името на Фолсфаген за да креира лажна надеж на граѓаните.

За денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев тој искоментира дека владата на СДСМ на „се фалела со странски инвестиции кои сѐ уште не се донесени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.