Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МРТ рече дека една година неговите компании не аплицирале во ниту една јавна набавка и дека фирмите во кои има сопственичко учество добиле само два тендери откако е назначен на својата функција во актуелната власт.

Од оние компании над кои можам да имам влијание откако сум на оваа функција имаат добиено еден тендер од 36.000 евра за заштитна мрежа на автопат и уште еден од 8.000 евра за изработка на медицински кревети. Претходно, последниот тендер го добив во 2016-та. На референетите на фирмите уште пред една година им забранив работата со државата да ја сведат на апсолутна нула и таа е апсолутна нула, рече Анѓушев.

Тој додаде дека како претприемач нема да учествува во оние повици кои допрва ќе бидат за изградба на хидроцентрали. Нема ниту да учествува во повиците за изградба на фотоволтаици и ветерници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.