На вицепремиерот Кочо Анѓушев не му успеало во земјава да ја донесе инвестицијата за која ќе одговара за судир на интереси. Имено полската компанија, по чиј налог Полската амбасада побарала укинување на царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори, својата инвестиција ја пренсочила во соседна Србија. Ова вечерва во емисијата 360, на Алсат го потврдила и  претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска.

Целиот предмет има поголема историја. Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на која се расправало за предлог-одлуката за укинување на царините на батериите за акумулатори. Според стенограмите, тој и земал збор и директно учествувал во расправата со насоки како предлог-одлуката треба да се усогласи со Министерството за финансии. Ова е главниот доказ дека Анѓушев не се изземал од оваа предлог-одлука, напротив, учествувал во неа. На крај, полската компанија не инвестирала во Македонија, туку во Србија – рече Ивановска.

Оттука логично се наметнува прашањето, за кого бил ќарот од укинувањето на акцизите, за Полјаците кои инвестираа во Србија или за фирмите на Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.