Годинава преку Законот за финасиска поддршка вкупно 120 компании пријавиле дека во следниот период ќе инвестираат 230 милиони евра, од кои само во првата година веќе инвестирани се 110 милиони евра, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за „Алфа“.

Во исто време се планираат вработувања на 4.000 луѓе, од кои во првата година вработиле 1.300 луѓе што е показател дека се инвестира во технологии и дека ќе се зголеми продуктивноста, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Како што вели вицепремиерот, продуктивноста е работа на стопанственците, а државата помага со субвенции за нови технологии.

Начин да се зголеми продуктивноста е со нови технологии. Постојат три начини тоа да се направи: да се воведат современи технологии, вработените да знаат да работат со висока технологија, менаџерот да знае да ја организра работата и исто да има мотивирани вработени затоа што фабриктие сами не работат без работници, изјави Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.