Владата во декември префрлила 2 милијарди денари на посебна сметка на Македонски енергетски ресурси, МЕР, за конечно да се затвори деценискиот спор со „Макпетрол“ околу сопственоста на гасоводот. Тоа го одговори министерката за финанасии Нина Ангеловска, на новинарско прашање, зошто информира дека се реализирани капиталните инвестиции од 78 проценти, а кај Владата дури 99 проценти со исплата на парите на „Макпетрол“ за акцијата во ГАМА, кога оваа транскација не е реализирана.

Ангеловска тврди дека со префрлањето на парите од владата на МЕР, односно од влада на државно претпријатие, практично може да се смета дека капиталните расходи се реализирани во тој процент, иако процесот не завршил, односно компанијата не ги добила парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.