Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти денеска АМСМ, упатувајќи апел до сите возачи да не го користат автопатот.

Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера исто така апелиреаше да не се користи автопатот.

Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи на автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот што доаѓа, изјави Сугарески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.