Независната пратеничка Емилија Александрова, не сакала да коментира за вработувањето на нејзината ќерка, Сара Александрова, во Фондот за иновации и технолошки развој.

Пратеничката за „Макфакс“ изјавила дека е разочарана од тоа како медиумите ги третираат семејствата на јавните личности.

Не би сакала да давам изјави поврзани со ќерката и фамилијата. Разочарана сум од тоа како медиумите ги третираат семејствата, децата на јавните личности, изјавила Александрова запрашана за тоа дали нејзината ќерка Сара е вработена во Фонд за иновации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.