Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска беше во посета во индустриската зона во Сарај, каде од страна на компанијата “One Cable“ e направена инвестиција од 3 милиони евра, која е оценета како голема перспектива за граѓаните за развој на
земјата и намалување на невработеноста.

Ахмети истакна дека преку создавање на позитина национална и меѓународна клима за инвестирање, сите обиди се насочени кон подобра перспектива за земјата.

“Со инвестиции во работата сигурно дека и семејството и државата се движат кон развој и надминување на незадоволството и судирите, ние се обидуваме како коалиционен партнер да создадеме услови за домашните инвеститори на прво место, бидејќи тие се членови на нашето заедничко семејство, ние се обидуваме да создадеме национална и меѓународна клима затоа што има перспектива во оваа земја“, рече лидерот на ДУИ.

Според него, работите во земјата одат кон подобро, и додаде дека се инвестира во владеење на правото.

„Работевме и работиме за нашата земја што поскоро да биде дел од Европската Унија, работевме и работиме за унапредување на стандардите за ние да бидеме држава во која луѓето имаат силна волја за живот“, истакна Ахмети.

„Ова е наша определба, ние се обидуваме да создадеме услови за сите инвеститори, вклучително и за странците, бидејќи една работотно место повеќе кај нас, ве уверувам затоа што го чувствувам тоа на моја кожа, јас имам еден проблем помалку, Зоран Заев два проблеми, бидејќи само со отворање перспективи, нови работни места можеме да одиме напред“, додаде Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.